Вчера во Македонија влегле 41.149 патници, од нив 17.509 се македонски државјани

|

Државниот празник 8-ми септември за многумина беше повод за го поврзат со викендот и за четири дена да отпатуваат најчесто кај нашиот јужен сосед. Овој викенд е срушен и рекорд.

„Вчера од 00.00 часот до 23.59 часот вкупно влез во државата оствариле 41.149 патници од кој македонски државјани се 17.509 патници“, велат од МВР за 4NEWS.mk.

Како што вчера имформираа повеќето медиуми  имаше километарски колони за влез од Грција во Македонија.

Во текот на вчерашниот ден на сите гранични премини во земјава 17.509 регистрирале влез во земјава.