Вечерва и утре повторно доаѓа пороен дожд

ИЗВОРСкопје24
|

Пороен дожд со ретки грмежи и наместа со град ја зафати попладнево Скопската Котлина.

Во некои делови од главниот град улиците се преплавени од наврнатиот дожд.

Според УХМР, сè уште има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, наместа и во форма на невреме.

-Поради големата енергија во атмосферата и натаму е можна изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со град и силен ветер, велат од УХМР.

Услови за нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има и утре попладне.

Олујата која денеска за минута го зафати главниот град испаничи многумина кои се најдоа на отворено, па побрзаа да се сокријат кон најблиските згради или трговски центри.

Невремето и врнежите сеуште продолуваат но со намален интензитет, а и високите температури веќе се намалија, па конечно може пријатно да се дише.

Поплавени улиците во Аеродром, по краткиот но интензивен дожд. Вистински хаос во 10 минути настана откако се исклучија и семафорите. Во Ново Лисиче паѓа град со големина на лешник. Канализацијата изби и враќаше вода. До втори кат во зградите се враќаше вода на терасите.

Поплавените улици се постојан проблем и при најмало невреме во Скопје. До сега, локалната власт не најде решение за санација на овој проблем.

УХМР веќе неколку дена наназад најавуваше дека ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи.

ВИДЕО: Силно невреме во Скопје – Дожд и град

ВИДЕО: Силно невреме во Скопје – Дожд и град

Gepostet von Press24.mk am Donnerstag, 4. Juli 2019