Вечерва на полноќ замислете желба: Ќе се отвори небото, а Бог ќе им се јави на луѓето

|

Ако вечерва на полноќ, го отворите прозорецот и погледнете во небото, најверојатно, ќе забележите дека барем некои од вашите соседи го прават истото. Ова не треба да ве изненади, бидејќи е прастар обичај!

Денеска е Крстовден, голем христијански празник и првиот по Божиќ кога се пости. Порано на овој ден се изведувале голем број на обреди и обичаи, но денес повеќето од нив се префрлија на Богојавление. Сепак, главната работа се случува вечерва!

Штом сонцето почне да заоѓа, христијаните почнаат да се поздравуваат со поздравот “Бог се јави!” во очи празникот.

На ова се одговара “Навистина се јави!”, и особено е важно да останете будни до полноќ!Всушност, нашите предци верувале дека ноќта помеѓу 18-ти и 19-ти јануари, во време кога небото се отвора и “Бог се појавува.”Според верувањето, Богојавление – јавувањето на Бога, се случува во глувата доба на предвечерието на празникот Богојавление, кога ќе дојде моментот кога се отвора небото и кога се вкрстуваат ветровите кои дуваат во зима и оние кои дуваат во лето.

Во овој момент, сите води на светот престануваат да течат, а оној кој ќе се најде на отворено, и го види отворањето на небото, може од Бог да бара исполнување на желба.

Денот кога Исус Христос бил крстен во реката Јордан. Според христијанското верување, во 30-тата година од нашата ера Исус Христос како дрводелец живеел со неговата мајка Марија и нејзиниот маж Јосиф, кога го повикал Јован Крстител да го крсти во реката Јордан.

Според Библијата, веднаш по крштевањето, а тоа е објавено со потопување во вода три пати, небото се отвори и се чул гласот на Отецот Бог, кој соопштил дека Исус е неговиот син, а потоа на рамото на Исус слетал Светиот Дух во вид на гулаб. Крштевањето на Исус го означи почетокот на неговата мисија и проповедта.

Богојавление е еден од петнаесетте најголеми христијански празници. Вековни традиции и верувањаСпоред мислењето на многумина, за Водици ги имаме најубавите традиции, а празникот се карактеризира со голем број на други верувања од минатите векови.

Се верува дека немажените девојки, ако стават огледало под перницата на 18 јануари вечерта, ќе го сонуваат човекот за кого ќе се омажат. Исто така, во некои делови, младите девојки замесуваат од тесто три-четири топчиња и во три од нив ставаат ливчиња на кои се испишани имињата на нивните симпатии. Четвртото е празно. Потоа топчињата се ставаат во вода која врие, и првото топче кое ќе исплива, го носи името на љубовта таа девојка.

Ако исплива празното топче, тоа значи дека девојката сеуште не го сретнала човекот на својот живот.Се верува дека за време на Водици се предвидува и какво ќе биде времето цела година. Ако утре има силен мраз или паѓа снег, годината ќе биде плодна. Ако, сепак, биде сочнево, годината ќе биде сува.

Ако на 19 јануари е дождливо, во текот на целата година ќе има многу врнежи од дожд и поплави. На овој ден се осветува вода за која се верува дека има лековити и чудесни својства и се нарекува Богојавленска вода. Верниците ја носат дома и ја чуваат како лек во текот на целата година. Богојавление се празнува низ цела Македонија со традиционално пливање по крстот за Водици.Се разбира, постојат и луѓе кои мислат дека сите овие традиции само се суеверие и глупост.

За некои од нив Македонската православна црква вели дека се пагански. Меѓутоа, сите го издржале тестот на времето и опстојуваат и денес.

Затоа, вечерва на полноќ, отворете го прозорецот и посакајте желба … треба да биде јасна и богоугодна …недвосмислена и имајте малку верба! Не треба да ви штети.