ВЕЧЕРВА НИ ДОАЃА МЛАДАТА МЕСЕЧИНА – носи навраќања на теми од минатото, но и емоции поврзани со домот и среќата

|

Младата Месечина е на небото вечерва, во нежниот и чувствителен Рак.

Ракот е еден од најчувствителните знаци во хороскопот, љубител на сигурноста и домот. Тој сака да се грижи за другите, да се посвети на емоциите и да внесе топлина во својот, но и туѓите животи.

Темата на оваа млада Месечина се емоциите, работите поврзани со домот и она што ни носи среќа и сигурност. Но, истовремено Месечината е во опозиција со ретроградниот Плутон во Јарец, што може да ви донесе навраќање на некои теми од минатото.

Што ги очекува хороскопските знаци?

Овен

Темите поврзани со вашиот дом и најдлабоки чувства ќе бидат осветлени од оваа млада Месечина. Затоа, важно е да размислите што ви помага да изградите сигурност, но и да се чувствувате добро во својот живот. Лунацијата ја осветлува вашата четврта куќа на приватноста и домот, во опозиција со Плутон во вашата десетта куќа на репутација и родители. Ова е одлична можност да се смирите со минатото и да ја најдете својата дефиниција за мир и спокој. Северниот чвор влегува во вашиот знак за прв пат по 2006 година, па затоа треба да се подготвите за сосема ново поглавје во вашиот живот.

Бик

Луната за вас носи нови почетоци во начинот на кој комуницирате со другите. Исто така, Северниот чвор го завршува патувањето во вашиот знак, па затоа треба да се запрашате: како се смени вашето чувство за сигурност? Кои се вашите лични вредности? Месечината е во директна опозиција со ретроградниот Плутон, носејќи ви свесност во однос на вашата лична филозофија и поглед на светот. Кои верувања треба да ги оставите зад себе, за да ја изградите среќата по која трагате? Само вие го имате одговорот.

Близнаци

Дали сте подготвени да си ја вратите својата моќ назад? Лунацијата ви носи можност да се навратите на своите лични задоволства, но и вашиот однос кон парите. Во опозиција со ретроградниот Плутон, таа ќе ве поттикне да си дадете одговор на прашањата како се имаат променето вашите интимни конекции со другите? Кои граници се потребни за да ги поставите во однос на другите? Како се исполнети вашите емоционални потреби? Со Меркур кој се движи низ вашиот сектор на комуникација, ќе ја имате самодовербата и храброста да си дадете одговор на овие прашања.

Рак

Лунацијата е во вашиот знак, што значи дека ќе ја почувствувате прилично силно. Ова е момент за нови почетоци, но и за тоа да погледнете назад и да видите каде сте стигнале и како сте се промениле во изминатиот период. Во опозиција со ретроградниот Плутон во Јарец, оваа лунација ве поттикнува да ставите и фокус на динамиката во вашите љубовни односи, особено таму каде не постои баланс. Во секој случај, оваа млада месечина ви носи можности да си ја повратите својата енергија и да бидете поасертивни, како на лично, така и на професионално поле. Манифестирајте ја иднината која ја посакувате.

Лав

Препуштете се на спонтаноста и дозволете му на универзумот да ве изненади. Оваа месечина за вас носи крај на сето она што не ви носи добра енергија. Таа е во директна опозиција со ретроградниот Плутон, каде ве поттикнува и да се погрижите за своите здрави навики. Некои планови би можеле да се сменат во следните неколку денови, но не го сфаќајте тоа премногу трагично.

Девица

Ова е период во кој би требало да сте околу луѓе кои се слични на вас, кои не само што ви даваат поддршка, туку и ве инспирираат. Оваа млада Месечина ви помага да изградите и нови пријателства и да се поврзете со нови луѓе кои ќе ви помогнат да ја најдете својата вистина. Луната ви носи нови почетоци во однос на вашето припаѓање во светот. Но, таа е во директна опозиција со Плутон кој е ретрограден, а тоа фрла сенка на начинот на кој се изразувате. Како сте поврзани со вашите пријатели? Дали можете сè да споделите со нив? Што дополнително ви е потребно за да се чувствувате поддржани? Ова се одговорите кои ќе ви ги донесе овој транзит.

Вага

Младата Месечина го осветлува вашиот сектор на јавен имиџ и ви носи нови почетоци во однос на вашата репутација. Со оглед на тоа дека таа е во Рак, можно е ваквата промена да е поврзана со некоја родителска фигура или авторитет во вашиот живот. Вашата владетелка Венера полека се подготвува за своето ретроградно патување, што ќе ви донесе и потреба да поставите нови професионални и лични цели.

Шкорпија

Разведрете се. Месечината е млада во вашиот сестрински знак Рак, осветлувајќи ја вашата деветта куќа на плодност и експанзија. Таа ви носи голема можност да ја промените насоката на делување и да го следите својот личен пат. Во опозиција со вашиот личен владетел Плутон кој е ретрограден, може да извади на површина некои спомени од детството. Но, ќе бидете поттикнати да затворите одредени поглавја и да почнете нови? Подгответе се за промени.

Стрелец

Оваа млада лунација во вас ја буди желбата да ја промените својата идеја за давањето и земањето. Што е она што ви носи радост? Колку им давате на другите? Колку земате назад? Дали сте подготвени да се менувате на ова поле? Марс во опозиција со Сатурн ве поттикнува да размислите на оваа тема и да ги направите неопходните промени, кои ќе бидат поттикнати од младата Месечина.

Јарец

Отворете го своето срце и дозволете им на другите да се грижат за вас. Ова е особено важно бидејќи Месечината ја осветлува вашата седма куќа на договори, компромиси и партнерства. Но, таа е во опозиција со ретроградниот Плутон во вашиот знак што може на површина да изнесе некои нерационални стравови поврзани со љубовта. Но, ова за вас е можност да поставите основа за нови почетоци и да го промените својот поглед кон партнерствата.

Водолија

Смиреноста е клучна за вашето ментално и физичко здравје. Месечината е во Рак во вашата шеста куќа на здравје и дневни навики, поттикнувајќи ве да менувате некои нешта во вашиот живот со цел да дојдете до вашиот животен стил кој го посакувате и заслужувате. Уште поважно, во нејзината директна опозиција со ретроградниот Плутон, ќе бидете поттикнати да се ослободите од лошите навики. Не постои совршеност, но постои можност чекор по чекор да дојдете до животот кој го посакувате.

Риби

Луната е во вашиот сестрински знак Рак, а во вашата петта куќа на проекти. Ќе имате можност креативно да се изразите и да се поврзете со својата енергија. Без оглед на тоа дали станува збор за кариерата или романсата, ова е можност да бидете свои. Нејзината опозиција со ретроградниот Плутон ви помага да бидете самоуверени и храбри.