Од вечерва почнува летното сметање на времето.
Ноќта меѓу сабота и недела стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред што значи дека наместо два ќе биде три часот.
Летното сметање на времето почнува секој последен викенд во март и трае до последниот викенд во октомври, кога повторно настапува зимоското сметање на времето. Годинава летното сметање на времето ќе трае до 30 октомври во 3 часот по полноќ.
Преминот на летно сметање на времето долго време е предмет на многу анализи бидејќи научниците веруваат дека поместувањето на часовникот може да има здравствени последици.
„Промената на времето е исцрпувачки за телото“, рече д-р Даг Кирш, портпарол на Американската академија за медицината на спиењето. „Мислам дека укинувањето на тој е чекор во вистинската насока“.
Наместо тоа, тој вели дека треба да се држиме до стандардното време. Тој рече дека разбирањето на биологијата е важно кога се донесуваат одлуки кои вклучуваат деноноќен ритам или внатрешниот часовник на телото.