Вечни ергени – припадниците на овие три хороскопски знаци ретко се одлучуваат за брак

ИЗВОРНов Лист
|

Припадниците на овие три хороскопски знаци најчесто ја носат титулата на вечни ергени.

Бракот не е нешто кон што целат и нив им е незамисливо да го поминат животот само со едно лице.

Мажите, барем кога е бракот во прашање, многу се комплицирани, а ако се родени во некој од овие три хороскопски знаци, тешко дека некогаш ќе се одлучат да застанат на лудиот камен.

Близнаци

На мажите родени во знакот на Близнаци, сè брзо им здодејува, па така и врските. Сакаат авантури и откривање нови работи, тешко им е себе да се замислат во врска со една жена до крајот на животот, а може да ги смири само партнерка која интелектуално ќе ги стимулира. Интелигенцијата за нив е најпривлечна карактеристика.

Стрелец

Стрелците се слободни луѓе кои сакаат да работат по своја волја и бракот како заедница во која е важен компромисот, не е за нив. мажите во овој знак повеќе сакаат пријателство и генерално љубов, но не семеен живот. Сакаат своите избранички да ги преплавуваат со подароци, нежност и емоции, но бракот како следен чекор кој се подразбира во врската, не е за нив.

Водолија

Мажите родени во овој знак ја сакаат својата слобода и независност. Љубовта и физичкиот однос се важни за Водолиите, но желбата за неограничен живот ја спречува длабоката интимност во љубовниот однос. Шармантен е и обожува припаднички на понежниот пол, па во животот обично има многу врски, но ниедна не ја крунисува со брак.