Поранешната манекенка и моментална водителка на популарната емисија “Голден карпет” (Џи карпет) на Канал 5 телевизија, реши одморот да го започне уште во мај месец па отпатува ни помалку ни повеќе на Малдивите.
Кој не би посакал да ужива на долгите бели песочни плажи и да плива во тиркизното море додека температурите на воздухот се се уште пријатни за со часови да може да се ужива под сонцето.
Малдивите од секогаш биле хит дестинација за славните личности како од светот, Балканот и Европа, така и од кај нас.
Она што сите ги заинтригира е мистериозното момче со кое нашата водителка ужива на плажа.
Да биде уште потаинствена таа обајви фотографии на кои се гледа само дел од него, но ни даде до знаење дека е повеќе од пријател откако покажа како романтично ја држи во прегратка на белиот песок.
Засега Ведрана не открива кое е таинственото момче, но тајните кај нас не остануваат скриени долго време. Очекувајте повеќе детали наскоро…