Седумдесет и четиригодишниот Милија Стојановиќ од селото Дрешница, веќе 17 години живее на падините на Копаоник во мала куќичка која ја направил на дрво. Српски „Блиц“ ја пренесува приказната за невозвратена љубов која Милија одамна ја загубил во Скопје, каде што некогаш работел.
Неговата сопруга Пецкана Геровска го напуштила по само една година брак, а тој разочаран се вратил во своето село. Набргу решил да се изолира од луѓето и заминал во планина, да живее сам во импровизира куќичка направена на дрво.
Сета моја љубов беше залудна бидејќи Пецкана не можеше да ми ја возврати. Скршен и разочаран се вратив во своето село каде што доживеав уште поголема болка, бидејќи за кратко време ми починаа братот, сестрата и мајката. Останав сам во празна куќа.
Милија, сам, во својот свет, ги чита Шопенхауер, Платон, Фројд, руските класици и пишува поезија, во најголем дел за својата љубов. Една од неговите песни гласи:
„Се вратив да ја видам прекрасната коса, но убавицата од Вардар не беше тука. Се изгуби на Камениот мост, во од, во народот, во вечната река од луѓе…“, додава тој.