Величенствено: Прекрасен рис снимен со помош на фотозамка во Маврово

ИЗВОРСкопје24
|

Со помош на фотозамка, направена е нова фотка од прекрасен рис во Маврово.

На официјалната страница на Националниот парк Маврово објавена е фотографија од Рис направена со помош на фотозамки во рамките на проектот за закрепнување на Балканскиот Рис кој се реализира во соработка со Македонско Еколошко Друштво. Погледнете како изгледа овој убавец.

Исто така направено е и видео од волк исто така со помош на фотозамки во рамките на истиот проек.

Фотографија од Рис направена со помош на фотозамки во рамките на проектот за закрепнување на Балканскиот Рис кој се…

Gepostet von Nacionalen Park Mavrovo, Mavrovo National Park am Freitag, 12. Juli 2019

Видео од Волк направено со помош на фотозамки

Видео од Волк направено со помош на фотозамки во рамките на проектот за закрепнување на Балканскиот Рис кој се реализира во соработка со Македонско Еколошко Друштво #mavrovonationalpark #makedonskoekoloskodrustvo #lynx #balkanlynx #npmavrovo #wolf #Macedonian Ecological Society Macedonian Ecological Society

Gepostet von Nacionalen Park Mavrovo, Mavrovo National Park am Mittwoch, 10. Juli 2019

Инаку, во Националниот парк „Маврово“ од пред неколку месеци обележан е уште еден рис на којшто му е поставен ГПС околувратник за следење на неговото движење.

Тимот на Програмата за закрепнување на балканскиот рис од Македонско еколошко друштво заедно со вработени во Националниот парк „Маврово“ го обележаа рисот на 27 февруари и до денес успешно се следи неговото движење. Се работи за млад мажјак стар околу 2 години и тежок 19 килограми.

„Откако вработени од националниот парк „Маврово“ ни јавија за плен на дива коза, се вративме на местото и рисот беше фатен со специјална замка. Рисот се врати по 6 часа а целата процедура за земање телесни мерки и крв траеше околу еден час, по што рисот беше пуштен на слобода. На овој терен имавме и помош од експерт за рис од Словенија, Миха Крофел“, изјави Диме Меловски, раководител на Програмата за закрепнување на балканскиот рис во МЕД.

Според тимот од Програмата за закрепнување на балканскиот рис интересно ќе биде доколку овој рис нема воспоставено своја територија. Во тој случај ќе може да се открие кои патишта и коридори ги користат рисовите со цел да го најдат својот дом. Од големо значење ќе биде да се следи рисот во наредните неколку месеци.

Пред помалку од еден месец МЕД и НП „Маврово“ го обележаа со ГПС околувратник досега најтешкиот рис од кога се спроведува оваа постапка во Македонија, а тоа беше рисот тежок 27 килограми којшто публиката го крсти Бистри.