Ги боиме со различни бои, но децата најмногу сакаат Чоколадни јајца. Доаѓа Велигден. Израдувајте ги!
Се што ви е потребно:
-500 г чоколада
-модли во облик на јајца
-малку бело чоколадо
Подготовка:
375 грама чоколадо стопете на пареа. Тргнете го од изворот на топлина мешајте и ладете ја чоколадата додека не достигне температура од 30 C.
Потоа премачкајте ја површината на модлите со стопената чоколада во три слоја и оставете да се стегне, па извадете ги од калапите.
Израмнете ги рабовите, а потоа спојте ја половината со стопено чоколадо. За волшебен изглед, украсете ги со стопена бела чоколада, како во ова видео:
Ако пак не можете да ги најдете соодветните калапи, еве одлично решение. Замислете-со помош на балон.