Велика Британија денеска го ратификува Протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО.
Британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб, напиша на „Твитер“ дека е завршена ратификацијата на Протоколот за Северна Македонија.
„Се радувам на приклучувањето на Северна Македонија на НАТО-фамилијата и на учеството на состанокот на НАТО-лидерите во Лондон, заради промоција на меѓународните мир и безбедност“, напиша Раб.
Веста дека и Велика Британија го ратификува Протоколот ја пренесе и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, преку социјалните мрежи.
„Убав ден! И Велика Британија штотуку ја заврши националната процедура за ратификување на нашиот НАТО Протокол! Благодариме“, напиша Шекеринска.
Освен Велика Британија, и Италија денеска го ратификува Протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО.