Вработени во компанијата Турија од Бихаќ, БиХ, го изненадија својот колега Сеад Хоџиќ и му поклонија автомобил Фиат Пунто.
Сопственикот на фирмата, Мухамед Селимовиќ, откри дека неговите работници спонтано дошле до оваа идеја и дека сите донирале пари за овој великодушен подарок.
-Сеад се вработи пред една година и тој навистина е вредно и златно момче. Пред еден месец го положи возачкиот испит, но проблемот е во тоа што нема автомобил и постојано се мачи да дојде на работа бидејќи не живее толку блиску, изјави Селимовиќ.
Тој додаде дека Сеад доаѓа од големо семејство со понизок животен стандард и дека неговата плата им е единствениот извор на приход.
-Да, автомобилот навистина е половен, но е во многу добра состојба и се надевам дека долго време ќе го служи, заклучи Селимовиќ.
Сеада Хоџиќ беше изненаден од овој гест на неговите колеги.
-Кога дојдов на работа, ме дочека целиот колектив и на почетокот не знаев за што станува збор. Морав да одам со затворени очи и кога ги отворив, имав што да видам. Ова е најдобриот новогодишен подарок што можев да го добијам, па дури беше врзан и со црвена панделка, вели тој.
ГАЗДА ЗА ПРИМЕР: Подарува 600 автомобили на своите вработени – погледнете што ќе возат!
600 вработени во компанијата Hari Krishna Exporters добија автомобил Renault Kwid како подарок од компанијата за Diwali.
Основачот на Hari Krishna Exporters, компанија за трговија на дијаманти, реши да ги изненади своите вработени подарувајќи им по еден автомобил Renault Kwid на секој од нив.
Со помош на премиерот на Индија, Неренда Моди, Дхолакиа (основачот на компанијата) успеа да ги собере своите вработени и да им ги врачи лично клучевите од автомобилите.
Вкупната вредност на автомобилите изнесува дури 2 милиони долари.
Причината за ваква постапка е хинду фестивал Diwali, кој се одвива секоја година на 7-ми Ноември. Според хинду гледиштата, споделувањето на подароци меѓусебе означува победа на доброто врз лошото. Оваа церемонија истотака ја збогатува економијата на Индија.