Вељко ги остава сопругата и синот поради обврски со кариерата

ИЗВОРНов лист
|

Синот на Светлата и Жељко Ражнатовиќ, Вељко и сопругата Богдана неодамна го добија својот син Жељко, па направија голема веселба по повод раѓањето на наследникот, а после истата веселба бабата Цеца и Вељко останаа во изолација поради позитивните тестови кои им беа направени.

После второто тестирање резултатот на Вељко беше негативен па веднаш побрза да се види со неговата сопруга.

Младиот татко по раѓањето на неговиот син се врати на вообичаениот живот и спортските обврски, а колку често ќе го гледа синот и сопругата во следниот период не е познато.

Кратко време траеше оваа средба со оглед на тоа што Вељко пред само неколку дена замина во камп каде што ќе се задржи цели 8 недели, поради обврски со кариерата. Со оглед на тоа што Богдана остана сама, папараците решија да тргнат во лов и да ја следат убавата тазе мајка.

Она што камерата го забележa е дека таа изгледа неверојатно и после самото породување.

Не е познато и тоа дали Богдана и малиот Жељко ќе останат во куќата на нејзините родители или ќе бидат кај Цеца.