Вељко покажа интересен детаљ од реновираната вила на Дедиње

ИЗВОРСкопје24
|

Балканската музичка ѕвезда Цеца Ражнатовиќ го реновирала својот дом во елитната населба Дедиње во Белград.

Нејзиниот син Вељко на социјалните мрежи се пофали со фотки од домашниот спа центар.

Младиот боксер покажа и какви плочки избрале за дното на базенот.

Во стилот на балканска дива, Цеца со години живее живот на светска ѕвезда, a тоа важи и за нејзината луксузна вила.

Таа во вилата има базен и спа-центар кои со години биле неупотребливи. Затоа, при реновирањето на вилата, одлучила најмногу пари да вложи токму во базенот. Иако сето тоа траело доста долго, сега семејството Ражнатовиќ ќе може да ужива во базен, сауна, простор за масажа…

Наводно, Цеца со години не била задоволна од тоа како е уредуван овој дел од нејзината куќа, но конечно нашла добри работници кои завршиле добра работа.

Додека Цеца ја средува и вложува во домот Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на српската пејачка, неодамна се иселила од семејниот дом каде живееше со својата мајка, братот Вељко и снаата Богдана. Сега таа живее сама во луксузен стан во Белград, а новите соседи за српските медиуми откриле каква сосетка е Анастасија.

Како не сме ја виделе, често доаѓа кај нас. Анастасија е девојка на место. Купува сè, од сувомеснати производи до помфрит. Остава бакшиш. Баш е воспитана девојка, рекла продавачката во една од продавниците каде што неретко пазари ќерката на Цеца.

Нормална личност, за разлика од овие, да кажам модерни девојки кои не и се ни до колена. Доаѓа без шминка, уште поубава е таква. Девојка за пример, додала таа.