Венера во Девица од 5 до 29 септември: Овие 4 хороскопски знаци ќе почувствуваат најголемо влијание

|

Како што најавуваат астролозите, Венера, планетата на страста, љубовта кон убавината и сето она што не облагородува и не прави среќни, влегува во знакот на својот пад.

Едноставно повеќе ќе ги анализираме сопствените емотивни односи и ќе имаме потреба да ја гледаме ситуацијата од повеќе агли.

Нема да можеме да простиме некои работи што не нè радуваат. Венера ќе биде активна и ќе сака слобода, да се покаже во нејзино светло, каде природно сака да флертува и шармира. Оваа желба ќе биде засилена со нејзиниот тригон со Уран од Бик.

Внимавајте, Марс во Близнаци ќе биде проблем! Затоа, мора да избегнуваме изневерување и флертување. Ова може да биде клучно за некои емотивни врски. Да бидеме внимателни! Нашите емотивни партнери знаат да бидат премногу аналитички и да го следат секој наш погрешен чекор!

Тие ќе бараат од нас не само да бидеме шармантни и убави, туку и интелигентни. Значи, го пресметуваме секој изговорен збор, повеќе од порано. Одржувајте ги ветувањата и бидете хумани.

Оваа Венера тоа го бара од нас. Меркур само ќе го засили сето горенаведено. Се грижиме повеќе за другите, не само за себе. Време е да ја покажеме нашата благородност и да не се ставаме себеси на прво место. Многумина ќе ги насочат своите интереси кон работата и ќе се обидат добро да се забавуваат во својата работна средина. Многумина ќе се заљубат и во некој кој е поврзан со нивната работа.

Нагласуваат дека во овој период мора да покажеме поголем интерес кога е во прашање здравјето и да ги решаваме проблемите доколку ги има.

Девицата, Бикот, Јарецот и Рибите можат да очекуваат добри моменти и придобивки од овој транзит на Венера.

1. Девица

Можноста за реализација на бизнис план. На емотивно поле добар период. Можност да запознаете интересна личност на деловен состанок или личност тесно поврзана со вашето секојдневие. Убави моменти кога се во прашање емоциите.

2. Бик

Решавање на проблеми кога се во прашање финансиите. Ќе бидете задоволни од работата и кариерата. Можност за нови идеи или решавање на нешто што ви тежело.

3. Јарец

Ќе се чувствувате добро. Време е да земете здив. Задоволни сте и исполнети со емоции. Стабилност на многу полиња.

4. Риби

Оваа Венера ќе разбуди некои емоции. Можност за влегување во убава врска. И секој што планира да живее заедно или да го прошири семејството, ова е добар период.