Венко конечно и направи кафе на Лиде Лиде (ФОТО)

|

Откако речиси две години Лидија, позната како Лиде Лиде или Лиде на Венко, од социјалните мрежи го канеше на кафе веќе поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, средбата конечно се случи.

Иако истата не била планирана, кафето што пред година дена го вети министерот, денес го свари и го испи заедно со Лиде и нејзината мајка која отишла на преглед на Неврохирургија.

Како што кажа таа за Репортер, нејзината мајка имала здравствен проблем при што заедно отишле на доктор, но откако ја познал екс министерот веднаш ги повикал во својата канцеларија каде извршил преглед и им направил кафе.

За да се овековечи овој момент Венко ја викнал и медицинската сестра за да им направи фотографија, а ги направил и потребните испитувања, по што констатирал дека состојбата на мајката на Лиде е подобра отколку што се мислело.

На крајот Филипче и ветил на Лиде дека ќе испијат и кафе во некое скопско кафуле.

Целиот текст прочитајте го на Репортер со клик ТУКА.