Вереницата на Дарко Лазиќ го остава малото бебе кај свекрвата, a потоа мислејќи дека е детектив го следи секој чекор на пејачот

ИЗВОРnovlist.mk
|

Според проверен извор, Марина наводно секаде го прати Дарко, а синот Алексеј кој има 5 месеци го остава на чување кај свекрвата.

-„Марина стално оди заедно со Дарко, дури и ако не отиде со него, знае набрзина да се спреми, да го остави бебето кај Бранка на чување и да се повози, проверувајќи дали пејачот е навистина таму каде што рекол дека ќе биде и во чие друштво е. Во последно време премногу претерува, па неодамна Бранка тоа и го замерила. Таа прво на Дарко му кажала дека таа има уште едно внуче од другиот син и дека не е во ред Марина толку да се потпира на неа. Дарко тоа и го пренел на својата сакана, а она влегла во уште поголема расправија со сверквата.

-Бранка не можеше да поверува како Марина и се обраќа, па во еден момент и рече: „Ако не ти е добро кај нас, слободно спакувај се и оди кај својата мајка. Не знам дали нејзе ќе можеш да и го оставаш бебето за да имаш време да го проверуваш Дарко! Јас го сакам мојот Алексеј, тој е бабино сонце, но тој е сеуште многу мал за ти секоја вечер наместо него да го чуваш Дарко. Детето во скут, па оди и со него глуми детектив!„ Беше навистина лута, дури и на Дарко му пренела дека треба да и објасни и појасни некои работи на својата вереница.

Марина после жестоката расправија си го земала синот и отишла кај нејзината мајка, а дома се вратила дури кога пристигнал и Дарко. Ни нему не му е лесно помеѓу два огна, но смета дека неговата мајка е во право, истото тоа и го кажал и на Марина. Тие двете сега разговараат, но не се како порано, а Марина дури изјавила и желба да побараат дадилка.