Верувале или не: Поради радио емисија „Поздрави и честитки“ откажана седницата на Градскиот совет

ИЗВОРСкопје24
|

Во петокот поради емисијата „Поздрави и честитки“ на локалото радио, Градскиот совет на хрватскиот град Вировитица ја откажал седницата закажана за истиот ден, пренесуваат хрватски медиуми. „Да пукнеш од смеа“, пишуваат некои.

Седницата требало директно да се пренесува на локалното радио. Но, директорот на Информативниот ценатар во Вировитица реагирал и соопштил дека седницата на Градскиот совет нема да може да се пренесува бидејќи во истиот термин им одела емисијата „Поздрави и честитки“. А, имале многу честитки за венчавки во саботата и за други свечености.

Така, седницата била презакажана за понеделник.