Летните сезони и одмори се во полн ек, а македонските јавни личности кои немаат обврски го користат топлото време за да уживаат некаде на плажа.
Неодамна заврши четвртата сезона на кулинарското шоу „Брза кујна“, а тимот кој секој ден го гледавате на Сител телевизија ги полни батериите за следната сезона.
Шеф Никола заедно со неговата сопруга се впуштија во летна авантура, па во друштво еден на друг ги поднесуваат горештините.
Овојпат како своја дестинација ја одбраа Лефкада во соседна Грција, а на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од нивниот заеднички одмор.
Ова не е првпат како шеф Марк и неговата сопруга го користат слободното време за да уживаат некаде.
Веруваме дека ќе се наполнат со позитивна енергија, а гледачите од септември ќе имаат прилика да уживаат во нови емисии и нови специјалитети.
Извор: Вистина.мк