|
Македонската актерка, Весна Петрушевска го промени физичкиот изглед и ги воодушеви фановите.
Весна ја промени својата боја на коса. Петрушевска на јавноста најмногу ѝ е позната по русата коса, која долго време беше нејзин заштитен знак, но овој пат таа направила промена – ја бојадисала косата во костенлива боја.
Старата македонска вели: „Прв знак дека жената сака промена е нејзината нова фризура.“ Не знаеме дали на Весна ѝ е потреба промена, но не може да не забележиме дека и оваа боја одлично ѝ прилега.
„Косата е прекрасна форма за самоизразување“, напиша Петрушевска покрај фотографијата.
„Не те познав“, „Мене секако си ми убава, маме“, „Многу поубава“, „Убав човек секако е убав“, се само дел од коментарите под фотографијата.