Весна и Драган Вучиќ прославија 40 години заедништво и објавија стара фотографија со Мартин (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Дрган Вучиќ е еден од најдобрите и најдолготрајните водители во нашата држава. Иако неговото примарно занимање е музичар, тој пред дваесетина години прв почна да организира шоуа во живо, нешто што на балканските простори не беше познато, а подоцна се копираше.

Вашите пет минути беа од многумина оспорувани, Драган нарекуван со секакви зборови, но речиси и да немаше човек кој не го гледаше.

Весна Вучиќ, неговата сопруга е ќерка на легендарниот гајдаџија Пеце Атанасовски и е целиот работен век вработена во Македонската радио телевизија.

Таа деновиве на својот профил објави фотографија со која си ја честиташе годишнината од бракот, а во колажот прикачи и фотографија од некогаш, на која е со својот сопруг и син, инаку познатиот музичар Мартин Вучиќ.

37 години званично, 40 заедништво, напиша Весна Вучиќ над фотографиите со нејзиниот сопруг и синот Мартин.