Ветената земја бара работници: Во Канада над 500.000 слободни места во првите 3 месеци од 2019

ИЗВОРСкопје24
|

Споредено со истиот период во 2018 година, бројот на слободни работни места во Канада годинава повторно се зголемил во првите три месеци.

Работните места во првиот квартал достигнале бројка од 506 000, што претставува зголемување од 44 000 во однос на истиот период минатата година.

Статистиката вели дека скоро 80% од отворените позиции биле за постојани позиции. Работодавачите низ Канада се соочуваат со недостиг на работна сила која е поврзана со стареењето на популацијата и со зголемениот број Канаѓани кои се пред пензионирање.

Владата одговорот на овој проблем го гледа во одлуката да се подигнат нивоата на имиграција во наредните три години.

Најголемо зголемување на слободни работни места во првите три месеци се забележало во Квебек, односно 21 400 или 23%. Речиси половина од зголемувањето ги зафатило здравството и социјалната помош, производството и домувањето како и услугите за исхрана.

Вториот највисок пораст од 12 400 го доживеал Онтарио со најголеми зголемувања во здравствената и социјалната помош, трговијата на мало, професионалните, научните и техничките услуги, како и секторите за сместување и храна.

Бројките покажале дека 79,9% од слободните работни места се однесувале на постојани позиции, процент сличен на тој во првите три месеци од 2018 година.