Ветено – исполнето: „Гранд“ му се раздолжи на Мартинијан Кириловски (видео)

|

Кумановецот Мартинијан Кириловски имавме прилика да го гледаме во последната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ каде што успеа да стигне до самото финале.

Според правилата на „Гранд“, кандидатите кои ќе стигнат до самиот крај добиваат песна од продукцијата. Па, така ова ветување е исполнето кога станува збор за Мартинијан.

Имено, тој вчера (3.12.2019) ја издаде својата  прва песна за „Гранд“ насловена како „Пола света“. Музиката и аранжманот се дело на Иле Спасев, а стиховите ги напишал Огнен Неделковски.

Видеото е снимeно во Македонија поточно на автопат Велес- Свети Николе, а во истиот има и неколку кадри од прекрасната Италија.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ЈУТУБ

Во „Пола света“, Кириловски пее за својата среќа односно љубена која е далеку, но за која би поминал пола свет за да дојде до неа и повторно да ја љуби, а во видео записот како модел се појавува Марта Димитриевска.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ЈУТУБ

Во продолжение слушнете ја новата песна на Мартинијан.

За потсетување, Кириловски не победи на „Гранд“, но оваа година победи на „Макфест“ со песната “100пати на ден“.