Ветрот направи проблеми – Откорнати дрва низ Македонија

|

Поради силниот ветар во текот на денешниот ден, имаше откорнати и паднати гранки и дрвја на повеќе локации во Велес – кај касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ на ул. „Благој Ѓорев“ ,во дворот на ООУ „Блаже Конески“ и кај затворот во Превалец.

На сите локации собрани се паднатите гранки и дрвја, информираат од ЈКП „Дервен“.

Наши екипи по дојавата веднаш се упатија на терен и за кратко време ги отстранија паднатите дрвја и гранки, велат од ЈКП „Дервен“.

Од Брза помош информираа дека кај нив до 17 часот никој не пријавил повредени лица од пад на дрвја и гранки.