Силниот ветер во Охрид откорнал кров од зграда на улица АСНОМ. Покривот оштетил три стана во друга зграда, а уништил и неколку дрва.
Дел од лимениот покрив е паднат и врз автомобил.
Од „Охрид1.мк“, од каде објавија за паднатиот кров, прашуваат кој и како ги гради овие згради.
Инаку како што објавивме силниот ветар откорна бор кој падна на управната зграда на Општата болница, а на улицата Ристо Чадо падна бандера.
Во видео кое Охрид24 го објави на Фејсбук, може да се види материјалната штета предизвикана од ветерот со силен интензитет и истото можете да го погледнете со клик ТУКА.
Исто така, шеталиштето во Охрид е поплавено попладнево откако силниот ветер предизвика големи бранови.
Вода од езерото се излева на шеталиштето при што е невозможно да граѓаните да се движат во близина.
Според УХМР ваквото време ќе продолжи и во наредните денови. Не се предизвикани штети.
Фото: Емил Јовановиќ