Вевчанскиот карневал ќе се одржи со дел од обичаите и почитување на протоколите

ИЗВОРНов Лист
|

Традиционалниот Вевчански карневал, кој околу 15 века се одржува на 13 јануари во Вевчани, годинава ќе се одржи под посебни мерки и протоколи со цел заштита, но ќе задржи дел од обичаите, преку кои вевчанци со векови наназад „го бркаат злото”.

Заменик претседателот на василичарското друштво „Долна маала”, Перо Тешиноски вели дека имаат притисок од населението за одржување на традицијата, со која се „брка лошото”.

Тешиноски изјави: Секојдневно разговараме со василичарите за почитување на мерките и протоколите. За предводниците, односно зетот, невестата, глупавиот август и музичарите можам да гарантирам дека ќе се придржуваат кон препораките за држење дистанца. Се надевам дека и останатите ќе го испочитуваат ветеното. Имаме голем притисок од жителите да се направи вековниот обичај, со кој се брка лошото.

На синоќешниот состанок, на друштвото било договорено дека нема да се реализираат обичаите од 12 јануари, но ќе се одржи маскенбалот следниот ден под посебни протоколи со маски и држење растојание. За вечерта најавуваат традиционална посета на домовите, но без влегување внатре.