Можеби некогаш сте се прашувале, а можеби и не, но зарем не би било поубаво кога од авионот би можеле да погледнете низ голем четвртест прозорец и да уживате во погледот “од небото“ наместо да мора да гледате низ малото кружно прозорче!?
Веројатно би сакале, а некогаш одамна сте можеле да уживате во таков поглед, сè до 1953-та година кога се случиле две страшни несреќи во кои за*инале 56 луѓе.
Виновникот за тие несреќи биле четвртестите прозорци поради кои авионите се распаѓале во воздухот. Четирите агли на таквите прозорци биле слаба точка затоа што не го поднесувале добро притисокот кој се појавувал во височините.
Поради тоа се воведени кружни прозорци кои поради својот облик рамномерно го распоредуваат целиот притисок и се многу поцврсти од квадратните.