Сараевските ќебапи станаа препознатлив бренд во цел свет и долго се криеше рецептот за нив, а сега прв пат е објавен рецептот – како се прават традиционални сараевски ќебапи, оние чаршиските по кои Сараево е препознатлив град.
Еве како сами да направите смеса за ќебапи:
Поентата е во доброто месо, начинот на подготовка, и смесата добро да отстои. Се` што ви е потребно за вистински ќебапи е 1.5 кг мелено телешко месо, 0.5 кг јагнешко, 4-5 чешниња бел лук – 2 отсто од вкупната количина месо, сол и 2 лажички сода бикарбона.
Месото исечено на коцки добро насолете го, измешајте го и полијте го со околу 100мл вода и лук кој претходно малку сте го подвариле. Смесата измешајте ја и оставете ја преку ноќ во фрижидер. Следниот ден смесата сомелете ја во машина за месо два пати, оставете да отстои неколку часа на собна температура, а потоа ставете ја во фрижидер. Пред да почнете да обликувате ќебапи во смесата додадете сода бикарбона и тоа е тоа.