Во носот во просек има околу 400 рецептори, и тие од една до друга личност се разликуваат за скоро 30 проценти, тврдат научниците од американскиот центар за хемиски мириси Monell во Филаделфија. Истиот мирис поинаку мириса на различни луѓе, а за се се „виновни“ рецепторите.
И најмала промена во рецепторот значително го менува начинот на кој луѓето ги перцепираат мирисите, па така на некои одреден парфем може да им мириса на сандалово дрво или ванила, а на други како на чад или урина. Причината за благ и силен мирис лежи во 140 различни рецептори, потврдија научници кои во лабораторија клонирале 511 рецептори и ја проучувале нивната реакција на 73 различни мириси.
„Резултатите од истражувањето би можеле да им помогнат на научниците во создавањето мириси. Крајната цел е да откриете како рецепторите ги декодираат молекулите на мирис и манипулираат со нив за да го добиеме саканиот парфем“, истакна водачот на истражувањето, д-р. Џоел Мејнленд.