Поп-пејачот Адриан Гаџа проборе за својот љубовен живот. Во неодамнешното интервју за „1 Тв“, Гаџа отри дека една година е во врска со девојка која живее во Косово.
„Веќе една година сум во врска. Таа не е јавна личност, не е пејачка, не е од естрадата“, раскажа Гаџа. „Порано, ми беше важно да сум со многу девојки, кога бевме помлади мислевме само како да сме главни во некој клуб на сепаре“, додаде Гаџа.
Тој раскажа дека последниве години, тој е активен на албанската и на косовската естрада, која е многу поголема од македонската и бара поголем ангажман и посветеност. На прашањето дали наскоро ќе запее нешто и за домашната публика тој одговори дека никогаш не се знае.
Гаџа започна со пеење во 2001 година на албанскиот музички фестивал Nota Fest. Таму, тој ја освои првата награда, каде за прв пат дебитант освојува прва награда од жирито и публиката. За кратко време, Адријан стана популарен пејач во Македонија, Албанија и Косово. До денес има снимено четири албуми, три на албански и еден на македонски јазик.
Неговите настапи најчесто вклучуваат танцувачки вештини во кореографијата. Исто така, има учествувано и на фестивали како Videofest во Приштина, Макфест во Штип, и ја освои првата награда на Охрид Фест. Во 2006, заврши втор на скопскиот фестивал за песна на Евровизија со песната Љубов е, заедно со Есма Реџепова.