(ВИДЕО) БРАВО: Вака како се сака македонскиот фолклор и играњето од мали нозе – „Не е до големината туку до убавината“!

ИЗВОРСкопје24
|

На видеото кое го постави Борче Сотироски од КУД „Фолклористи“, Лескоец, Охрид, плени едно малечко девојче… Таа е напред а зад неа е женска група која игра. Но, девојчето е толку концентрирано на играта и чекорите што воопшто не обрнува внимание на коментарите кои доаѓаат отстрана… Коментарите пак со многу комполименти за нејзината возраст, предаденоста кон играта…

Кога го заврши нејзиниот дел културно се тргна на страна за да играат постарите… Девојче за пример на врсниците но и доказ дека „Не е до големината туку до убавината“. А, ТАА Е УБАВА, МНОГУ УБАВА!

Не е битна големината, битна е убавината ♥️

Gepostet von Borce Sotiroski am Samstag, 11. Mai 2019

Најверодостојниот резултат од духовниот порив на народниот гениј – одраз на душата од македонскиот народ е музичката фолкорна традиција . Таа е нераскинлив дел од духовноста,традиција која е творечки континуитет – врска меѓу исконот и сегашноста.

Музичката фолкорна традиција е олицетворена во игрите,ората и македонските народни песни, илјадници на број,испеани многу одамна. Но и покрај тоа, таа не е само архаичен духовен продукт или некаков антиквитет со музејска вредност, туку пренесувана од колена на колена, се негува кај народот и денес.Таа е директиот линк со минатото на македонскиот народ.  Македонската народна уметност е посебен културен феномен пред кој не се останува рамнодушен.Базирана е на културни вредности уште од античкото македонско искуство, но во неа се инволвирани и елементи од подоцнежните периоди но и по некој елемент од народи кои низ вековите суштествувале на овој простор. Сето,поминато низ креативниот дух на Македонецот. Продуцирани се високо и крајно оригинални уметничко-занаетчиски вредности чиј најјак израз е феноменот на народната уметност.Во неа се вткени вековните предизвици,стремежи,страдања,но и надежи на македонскиот народ.Во такви констелации,богатство на форми и изразни средства , тие и не се ништо друго туку емотивна и уметничка реакција на бурните културни и историски процеси низ кои минувал Македонецот во изминатите милениуми.

Македонија,иако релативно мала земја , е со ретко богата традиција, изразена во материјалната и духовна култура.Тоа богатство е резултат на етничките особености на населението како и местоположбата на Македонија. Во средишниот дел на Балканот,таа отсекогаш е врска меѓу Европа,Азија и Медитеранот и крстосница на разни движења. На најстариот античко-македонски слој ,со своите влијанија се надоврзуваат византиската, ориенталната,се до најновите струења од Запад.Но и покрај влијанијата,македонскиот народ,пренесувајќи ги своите традиционални обележија од поколение на околение,развивал ретко богата материјална и духовна култура.