(ВИДЕО) Еве кој стои позади најголемата децениска измама во Македонија

ИЗВОРСкопје24
|

Поради технички преглед на автомобилот итно морав да се вратам во Русија. Ова е последната порака која Максим Максимов, директор на „Нефа намештај“ им ја пратил на менаџерите во Србија само неколку дена пред оваа фирма буквално преку ноќ да исчезне од Србија, објави српски „Блиц“.

Тој оставил на улица околу 550 работници во двете фабрики во Србија, и многу муштерии во нашата земја и Србија без нарачаниот и платен мебел.

Според податоците на српската агенција за стопански регистри зад целата афера стои рускиот крал на креветите Андреј Ходашевиќ, сопственик на две големи фабрики за мебел „Много мебели“ и „Корол Диванов“ во Русија, кој преку лавиринт од други фирми „Спилит“ и „Холодекс“ е сопственик на „Нефа мебел“ во нашата земја и Србија.

Целата сторија на БЛИЦ.

Претходно објавивме дека Нефа мебел ги затвори своите продавници и избега со парите.

Мали се шансите дека купувачите ќе си го добијат платениот мебел, откако српско-руската фирма за мебел „Нефа мебел“ завчера без најава ги затвори сите продавници во Србија и Македонија. Руската компанија „Спилит“ која го призведува мебелот што го продава „Нефа“, пред два дена преку ноќ побегна од Врање и Самобор и остави долгови и 550 работници без работа во фабриката и 34-те продавници низ Србија, објавија српските медиуми.

„Нефа мебел“ во Македонија има десетина продавници низ целата земја. Последната продавница во Скопје, во ГТЦ, е отворена пред точно една година, во мај лани, но од завчера сите се затворени и никој не се јавува на телефон.

„Само во Гостивар сме 160 ограбени клиенти, па ова е организиран криминал“, вели еден од купувачите во коментар на текстот за измамата на „Нефа мебел“ на фејсбук страната на САКАМДАКАЖАМ.МК. Има и коментари на измамени купувачи од Струмица и Скопје.

Во Македонија, компанијата има 3 продавници во Скопје – во Сити мол, Капитол Мол и ГТЦ, и во Велес, Гостивар, Прилеп, Битола, Тетово. Но вчера попладнето сите одеднаш затвориле, а купувачите велат дека продавачите кои биле внатре не можеле да им дадат информации како да ги добијат нарачките.

„Нефа мебел“ била привлечна со особено ниските цени на мебелот, како и дополнителните попусти кои последно биле дадени на изминатиот саем за мебел минатиот месец.