Во денешно време луѓето сакаат големи станови и куќи, но има семејства кои знаат да направат мал, удобен и функционален рај и од малите куќи и станови.
Четиричлено семејство живее во 22. квадрати. Парот мислел дека кога ќе има деца ќе се преселат во поголема куќа, но потоа се премислиле, а еве и зошто.
Куќа од палети и пластика за помалку од 100 евра
Овој проект го создадоа дизајнерите на I-Beam Design инспирирани од еден едноставен, но неверојатен факт: 84% од бегалците во светот можат да бидат сместени во една година, и тоа благодарение на овие рециклирана куќи направени од палети во Америка.
Изгледот е апсолутно сензационален, овој тип на куќички е лесен за носење и нуди поголема флексибилност во однос на конфигурацијата.
Само со палети и пластика за покривот, може да се изгради една ваква еколошка куќа за помалку од 100 евра.
Иако овие куќички се без водоснабдување и греење, сепак тие може да се инсталираат.
Куќата од палети е дизајнирана со благородна цел, но исто така треба да знаете дека со малку пари и добра волја, може да се изгради оригинален детски рај за вашите деца.