ВИДЕО: Ја гледаме секој ден – Водителката на Сител пред 20 години изгледала вака

ИЗВОРСкопје24
|

Водителката на утринската програма на Сител, „Ја сакам Македонија”, Елена Стојановска, на социјалните мрежи сподели видео од пред 20. години додека водела музичка емисија и покажа како изгледала тогаш.

– „Точно пред 20 години ја водев музичката емисија 100%. Како лета времето“… напиша водителката која секогаш е тип топ средена.

Вака изгледаше Стојановска на телевизија пред 20 години.

Видеото погледнете го ТУКА.

Таа е прекрасна и успешна водителка, сопруга и мајка, која многу не сака да изнесува детали од својот приватен живот, но од време на време знае да постави некоја интересна фотографија од семејниот живот и да ги изненади фановите со својата едноставност.

Препознатлива е по својот младолик изглед, но Елена со својот сопруг Огнен во брак е веќе осум години, и заедно ја имаат седумгодишната ќерка Илина. Тие во месец октомври ја прославија годишнината од бракот, денот кога се ветија на вечна љубов.

Иако многу не сака да го истакнува својот приватен живот, Елена пред некое време постави фотографија од својот сопруг на која го пофали дека е „убав како турски глумец“.

„Ахх, она кога маж ти е убав како турски глимец“ – му поласка Елена на сопругот, а потоа во коментари го спореди со Кемал- веројатно од турската серија „Карасевда“.