Видео кое ќе ве насмее со солзи – 90 секунди со инспектор Томе од „Преспав“

ИЗВОРновлист
|

Четвртата сезона на серијата „Преспав“ заврши кон средината на јануари, а фановите веќе се нестрпливи за нова сезона.

Се уште нема точно детали кога ќе започнат снимањата и кога ќе започне да се емитува петтата сезона на серијата.

Деновиве, актерот Горан Стојановски или на нашата јавност познат како инспектор Томе од „Преспав“ гостуваше во „90 секунди“ каде што одговараше на разни прашања.

На прашањето дали е тешко да се биде инспектор, тој вели дека не е тешко туку дека тоа е најубаво на светот.

Кој те нервира најмногу во пансионот?

„Сите до еден, вклучувајќи ме и мене“ вели инспектор Томе.

Инспекторот исто така имаше задача да ја опише актерката Преслава во три збора, и еве што кажа за неа:

„Што убава си, што убаво ти стојат хеланките….и толку со два збора можеш да ја опишеш“.

Следуваше прашање што ќе работеше да не е инспектор, тој вели дека ќе бил виши инспектор.

На прашањето зошто го вика Талат вапер, тој одговори: Не го гледаш каков е, како поплава да го има фрлено.

А за најубава песна ја одвои: Зошто мито земаше, кој ѓавол те тераше.

Целото видео може да го погледнете во продолжение.

Инаку, Македонската серија „Преспав“ со 101 епизода е вистински пример дека и во Македонија може да се направи квалитетна серија. Серија која што ќе трае подолг период, изјави продуцентот на „Преспав“, Пеце Талески.

Пеце Талески наведе дека успехот на серијата „Преспав“ се должи на мултиталентираните актери.

Тој истакна дека се надева во иднина ќе се снима и петта и шеста сезона од „Преспав“.