Македонската претставничка на Евровизија оваа година, Тамара Тодевска се пласираше во финалето кое ќе се одржи во сабота.
Таа настапи 17-та по ред во втората полуфинална вечер.
Претставници од првата полуфинална вечер кои се пласираа во финалето на Евровизија 2019 година се Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија.
Дирекно во финалето ќе настапат Германија, Израел, Италија, Франција и Шпанија.
Тамара на сцената носеше креација на Александар Ношпал која совршено ја истакнува нејзината женственост.
Дланките на Тамара биеа „покриени“ со сребрен накит креиран од дизајнерката на накит Котев Ксенија.
Котев креираше моќни парчиња накит за овој настап и тоа два волуменозни прстени и брош за Тамара и доминантни обетки за придружните вокали Антониа Гиговска и Александра Јанева.
Накитот е креиран специјално за Тамара, за нејзиниот настап инспириран од стиховите на „Proud“ и секоја жена која е пример за моќ, сила и гордост.
„Горда (#proud) на моќната женска аура создадов накит кој не е стереотипен. Накит кој ја покажува силата на секоја од нас, накит кој говори гласно ширејќи ги крилјата на нашите сребрени тела“ – вели Котев.