Видео од синоќешниот земјотрес во Битола

|

Синоќешниот земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала беше со епицентар во Лерин, поточно на границата со Македонија, но сепак беше почувствуван во цела Македонија, а најмногу во Битола.

Според она што можевме да го видиме на социјалните мрежи, сите граѓани по земјотресот ги напуштија своите домови поради страв од нов посилен потрес, а регистрирана е и материјална штета.

Има испукани ѕидови на згради и куќи, како и падната тераса од стара и напуштена куќа.

На силниот земјотрес му следеа и повеќе помали афтершокови до утринава.

Со клик ТУКА можете да погледнете и слушнете како изгледаше силниот земјотрес во Битола, снимен на камера од една куќа.