ВИДЕО: Пелистерска мечка трча низ населба во Битола

|

Синоќа околу 00.30 часот, битолчани снимија видео како мечка трча низ населбата Буковски ливади, објави веб-порталот апла.мк

Ова не е прв пат мечка да се симне во градот. Граѓаните од потпелистерските села често пријавуваат штети од мечки, а досега на повеќе од 700 мечки им се судело за направени штети.

Најстарата пресуда која е евидентирана во судската база на пресуди на Основниот суд во Битола, е од 2010 година, за уништен пчеларник во село Ротино од мечка, со која судот ја задолжува државата да плати на сопственикот 20 илјади денари. Но, на пчелар од село Скочивир во 2015 година му биле исплтени над 10 илјади евра затоа што мечката уништила 40 сандаци со пчелни семејства.

За изедено магаре од мечка судот во 2012 на жител од село Српци му досудил 6 илјади денари. Иако на земја немало траги од мечка, сепак судот ги прифатил доказите дека на вратот на магарето имало траги од шепа и нокти.