Стотина жени, граѓански активисти и политички претставници на партијата ПСГ и движењето „Не го давете Белград“ денеска протестираа пред зградата каде се наоѓа редакцијата на весникот Информер откако овој провладин српски таблоид објави интервју со сериски сил*вач на жени, излезен од затвор пред неколку месеци.
При протестите беше нападнат и главниот и одговорен уредник на Информер, Драган Вучиќевиќ. Една девојка му пријде и го навредуваше поради интервјуто кое го дозволил и на крај го клоцна со нога. Вучиќевиќ подоцна се жалеше дека бил удрен и во глава и вербално преку интернет страница ја навредуваше девојката дека била слаба и имала пирс на лицето.
Редакцијата на весникот која се наоѓа во центарот на Белград во близина на Теразије веднаш потоа доби и полициско обезбедување.
Интервјуто со сериски силу*ач кој одлежал 15 години затвор за силу*ање на повеќе жени предизвика големи контроверзи во Србија. Силу*ачот ја отслужил казната и пред неполн месец беше пуштен на слобода, но без надзор, а во населбите низ Белград се ширеше паника дека тој е во потера.
Информер го најави интервјуто со наслов ексклузивно очи во очи со серискиот силу*ач, дали ќе нападне повторно; што предизвика огромен гнев во српската јавност особено меѓу жените.
-Информер манипулира со најголемиот женски страв, беше децидна Анита Марковиќ од ова здружение во изјава за Н1-Србија.
Многумина повикуваа на затворање на Информер, кој според демонстарнтките припаѓа на медиумската банда во Србија составена од таблоиди. Овие весници и веб медиуми се познати по безрезервната поддршка и верност на српскиот претседател Александар Вучиќ и неговата СНС, а нападнатиот уредник Вучиќевиќ е чест гостин на ТВ каналите каде го брани и поддржува секој потег на Вучиќ.Видеото можете да го погледнете со клик ТУКА.