Луксузни автомобили, мотор, убави девојки се само дел од новиот видео запис „Дукати“ на Таско.
Вчера тој ја промовираше својата нова песна наречена „Дукати“ и за само 24 часа успеа да собере 100.000 прегледи.
Песната е во брз стил, а Таско заедно со 2Бона и Слаткар успеаа за краток временски период да направат бум на македонската естрада, а доказ за тоа се полните дискотеки на нивните настапи ширум Македонија.
Кон крајот на месец јануари 2Бона и Таско беа гости во студиото на Ексклузив.
1ТВ и Ексклузив беа првите кои ги објавија на телевизискиот етер овие млади момци, во момент кога ја снимаа песната „Не ме боли“ и сеуште ја немаа оваа популарност.
Оттогаш па до сега, бројките на Youtube за нив се издигаат вртоглаво и се вистинско освежување на македонската музичка сцена.
„Балкан“ и „Ало“ беа доволна причина за 2Бона и Таско да го заслужат местото во нашата емисија, но овој пат како гости во студио. Тие велат дека сепак и покрај големиот успех овие неколку месеци, од македонските медиуми сеуште ја немаат вистинската поддршка.
Во продолжение погледнете го целото интервју: