Водителка известувала за NBC за невремето во Флорида, а за да го заштити микрофонот од силниот дожд, решила да стави презерватив и без прекин да го продолжи емитувањето.
Кајла Гилер веднаш по вклучувањето во програмата им се обрати на гледачите и им објасни дека ставила презерватив на микрофонот како најдобра заштита бидејќи водата нема да пројде и ќе може непречено да пријави.
“Тоа помага да се заштити опремата. Не можеме да дозволиме микрофоните да се оштетат од невремето. Цело време врне дожд, па го направивме она што требаше да го направиме – го ставивме на микрофонот”, рече Кајла.
Видеото стана хит на мрежите и додека некои беа во неверување поради нејзините постапки, други беа воодушевени од, како што ја нарекоа, „генијалната“ идеја.
„Кога нешто функционира, функционира“, „Ова е убедливо најдобрата временска прогноза досега“, напишаа во коментарите под популарно видео. Видеото можете да го погледнете со клик ТУКА.