Викенд хороскоп (04-05.12.2021)

|

Овен (21.03 – 20.04)

Реагирате премногу импулсивно. Сето тоа ја нарушува вашата репутација на работа. Морате да го прифатите фактот дека не можете да добиете се што ќе посакате. Воведете физичка активност во вашиот живот.

Бик (21.04 – 21.05)

Колегите и надредените ве третираат како личност од доверба. Имате преголеми очекувања од партнерот. Обидете се да се контролирате малку. Релаксирајте се повеќе.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Искористете го својот шарм за стекнување на деловни предности. Имате чувство дека саканото лице е ладно кон вас. Обидете се да ја освежите врската со некое романтично изненадување.

Рак (22.06 – 22.07)

Не ги пренесувајте приватните проблеми на работа. Во љубовта прифатете нечиј повик, немојте да бидете секогаш негативни. Викендов ви се препорачува да одите на масажа или во сауна. Релаксацијата ви е неопходна.

Лав (23.07 – 22.08)

Морате да истраете во она што сте го наумиле. Во спротивно, нема да можете да дојдете до зацртаните цели. Вашиот партнер постојано се грижи меѓу вас се да биде во ред, редно време е малку вие да ја преземете таа обврска.

Девица (23.08 – 22.09)

Делувате вознемирено. Соработниците го забележуваат тоа. Во љубовта сте нетрпеливи. Почекајте, се ќе се случи во свое време. Проверете ја крвната слика.

Вага (23.09 – 22.10)

Бидете реални во своите проценки. Понекогаш вистината е сокриена меѓу редови. Во љубовта е потребно да ги намалите страстите, да не бидете премногу нападни. Не ги потценувајте луѓето околу вас, ќе ви го завртат грбот.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Во некои ситуации морате да соберете храброст и да се соочите со надредените и колегите. Викендов е погоден за тоа. Во љубовта ќе прифатите се што ве асоцира на забава и на емотивно зближување со партнерот.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Потрудете се поправилно да ја контролирате импулсивната страна на својата природа, особено на работа. Обрнете му повеќе внимание на партнерот кој е загрижен за вашата врска, убедете го дека греши.

Јарец (22.12 – 20.01)

Важно е да прифатите нечиј совет, без оглед што имате впечаток дека станува збор само за делумно бизнис решение. Во љубовта посакувате погрешно лице, а вашето опкружување искрено ќе ви го потенцира тоа.

Водолија (21.01 – 19.02)

Некој од колегите буди негативни чувства во вас. Позборувајте со тоа лице. Во љубовта се наоѓате на љубовна крстосница и не знаете како да постапите, овој пат ви се препорачува да го послушате и паметот, не само срцето.

Риби (20.02 – 20.03)

Се што ќе работите проверете го два пати. Концентрацијата не ви е на посакуваното ниво, па така лесно ќе дојде до грешки. Во љубовта се наоѓате во засилен емотивен занес кој ве принудува да ги проценувате работите на погрешен начин.