Овен
Месечината во Близнаци става фокус на вашиот сектор за комуникација, а нејзината конјункција со вашата владејачка планета Марс, во петок би можела да ве поттикне во лутина да кажете нешто што вообичаено би го премолчеле. Држете ги своите емоции под контрола, бидејќи само така ќе можете да поминете пријатни мигови со пријателите во сабота. Во недела, Месечината влегува во Рак во вашата четврта куќа на домот и семејството и ве инспирира да поминете време со најблиските.
Бик
Овој викенд, Месечината во Близнаци става фокус на вашите финансии. Но, бидете внимателни да го избегнете претераното трошење. Тригонот меѓу Сатурн и Месечината во сабота ви носи одлична професионална можност која не би требало да ја пропуштите.
Близнаци
Во петок ќе бидете мотивирани и креативни и ќе можете да постигнете што и да посакате. Конјункцијата меѓу Месечината во вашиот знак и Марс ве прави импулсивни, па затоа треба да бидете внимателни со своите зборови. Во сабота, тригонот меѓу Месечината и Сатурн ви носи мудрост и ви помага да донесете добри одлуки.
Рак
Месечината во Близнаци во петок и нејзината конјункција со Марс во вашата дванесетта куќа ја интензивираат вашата интуиција, но и чувствителност. Ставете приоритет на себеси и избегнете го друштвото со другите ако би можеле. Во сабота, ќе имате подобра енергија, се активира и вашиот сектор за комуникација што би требало да ви помогне да го зацврстите својот однос со партнерот.
Лав
Месечината во Близнаци и нејзината конјункција со Марс на прво место ги ставаат пријателството и хуманоста за вас, во петок. Ќе уживате во времето поминато со пријателите, а ќе бидете инспирирани и за заеднички проект за да им помогнете на другите. Во сабота, ќе се посветите на романсата и ќе се одлучите за следниот чекор во врската. Во недела ви се нуди можност да ја поправите својата финансиска ситуација.
Девица
Во петок, вашата кариера е на прво место благодарение на Месечината во Близнаци и нејзината конјункција со Марс. Пробајте да не бидете брзоплети, туку прво да размислите пред да го направите првиот чекор. На тој начин, ќе успеете да го искористите целосно овој транзит и тоа за добро. Во сабота, ве очекуваат добри вести на полето на работата, искористете ја оваа можност. Во недела важно е да се посветите на себеси, на своите вредности знаење.
Вага
Петок би можел да ви донесе предизвици, поради тоа што вашата владетелка Венера прави квадрат со Месечината и Марс. Пробајте да останете смирени, што и да се случи. Во сабота, тригонот меѓу Месечината и Сатурн ви помага да се оддалечите од другите, да се одморите и да сфатите што ви е важно. Во недела, се зголемува вашата самодоверба благодарение на тригонот меѓу Плутон и Сонцето.
Шкорпија
Во петок, Месечината во Близнаци е во конјункција со Марс и во квадрат со Венера, а тоа може да донесе несогласувања и проблеми во вашата врска. Не ги земајте здраво за готово, туку потрудете се и покажете си на себеси што ви е важно. Во сабота, тригонот меѓу Месечината и Сатурн ве поттикнува да се посветите на семејството и домот. Чувајте ги своите сакани и покажете им колку ви се драги. Во недела, ве очекува исцелителна енергија која ќе ве освежи и ќе ви донесе подобро расположение.
Стрелец
Во петок, Месечината во Близнаци ќе биде во конјункција со Марс што може да ги разбуричка заспаните страсти во вашата врска. Искористете го овој транзит за да ја подобрите врската. Избегнувајте ги кавгите бидејќи не ви се потребни. Во сабота, тригонот меѓу Месечината и Сатурн во вашиот сектор на комуникација го поттикнува дијалогот и компромисот и ви помага да направите заеднички планови за иднината. Во недела, опозицијата меѓу вашата планета Јупитер и Меркур ви носи поттик да направите баланс меѓу љубовта и пријателството.
Јарец
Во петок, со конјункцијата меѓу Месечината во Близнаци и Марс ќе успеете да преземете нешто важно на работното место. Во сабота ви доаѓа можност да донесете важна одлука за парите и работата особено ако се чувствувате многу изморено. Тригонот меѓу Сонцето и Плутон во вашата прва куќа во недела ја зголемува вашата самодоверба.
Водолија
Во петок, конјункцијата меѓу Месечината во Близнаци и Марс е во вашиот сектор на љубов и романса, што значи дека е време да го отворите своето срце и искрено да ги покажете своите чувства. Во сабота, тригонот меѓу Сатурн и Месечината ви помага да ја подобрите самодовербата и да се изборите со проблемите кои претходно не успевавте да ги решите. Во недела, ќе бидете инспирирани да патувате или да испланирате патување.
Риби
Во петок, конјункцијата меѓу Месечината во Близнаци и Марс може да донесе драма во вашиот живот. Пробајте да избегнете да бидете турнати во нечија туѓа кавга која не се однесува на вас. Во сабота, ќе се насочите на целите и иднината која ја посакувате за себе, а недела ви носи одлична енергија посветена на вашите пријателства.