Бикот ќе заблеска во полн сјај, нови познанства за Стрелецот: Викенд хороскоп (4-5.06.2022)

|

Што ни носи хороскопот во првиот викенд од јуни?

Овен

Ќе се чувствувате како да се движите по сонцето со тригонот меѓу Месечината во Лав и Јупитер во Овен во петок. Креативноста ќе биде на високо ниво, а исто така и вашето расположение и самодоверба. Генерално ќе се чувствувате многу исполнети овие денови. Со ретроградниот Сатурн во вашето единаесетто поле, ќе имате и поддршка од пријателите.

Бик

Месечината во Рак во петок и сабота е во хармонија со вашата биковска енергија, а сек стилот на Меркур во комбинација со позицијата на Месечината, го прави овој викенд идеален за комуникација со другите. Во сабота, ќе уживате во сопственото друштво и ќе ги избегнувате оние кои ја трошат вашата енергија. Недела е ден за нови идеи и подобро расположение.

Близнаци

Се чувствувате како да имате крилја. Ќе имате силно чувство за слобода, па ќе ви треба малку повеќе време за да се прилагодите на ваквата енергија. Месечината во Лав е усогласена со вашата енергија на Близнаците бидејќи ја осветлува вашата трета куќа на заедницата и ве поврзува со другите. Ќе уживате во нивното друштво, а тие ќе ја обожаваат вашата енергија. Ќе бидете неверојатно барани и популарни за време на целиот викенд.

Рак

Месечината е во вашиот знак во петок и сабота, интензивирајќи го вашето чувство на самопочит и самодоверба, а тригонот со Нептун ги продлабочува вашите духовни врски и подароци. Освен тоа, Меркур се движи директно сега во вашата куќа на пријателства и ви помага да ги решите конфликтите, но и повторно да се поврзете со оние кои ви значат.

Лав

Месечината е во Рак во вашата дванаесетта куќа, што ја ја поттикнува вашата чувствителност. Можно е да имате длабоки мисли и соништа кои ќе ви донесат некакво значење, па обрнете внимание на овој дел. Кога Месечината ќе премине во вашиот знак во недела, ќе се чувстувате полесно и порасположено. Испланирајте нешто забавно.

Девица

Се чувствувате како да сте сами и конечно можете повторно да размислувате рационално. Прославете така што ќе поминете време со оние чиј разговор ви годи. Уживајте и во романтичната енергија која ви ја носи овој викенд.

Вага

Огнената Месечина во Лав во недела се хармонизира со вашата енергија овој викенд и ви носи можност да поминете време со другите луѓе. Можно е да дојдете до идеи кои ќе сакате да ги реализирате со другите. Вашата толеранција ќе биде на високо ниво и ќе имате силно чувство на хармонија.

Шкорпија

Овој викенд ви носи интензивно емоционално патување длабоко во себе. За среќа, тоа е само краткотраен период кој нема многу да ве истошти. Меркур почнува да се движи директно во вашата куќа на партнерства, а Месечината во Лав во тригон со Јупитер става фокус на романсата, но и грижата за себеси. Ова е викенд на уживање за Шкорпиите.

Стрелец

Вашата владејачка планета, Јупитер е во Овен и ви носи освежувачка љубов, романса и страст во вашата карта. Не ја трошете својата енергија на луѓе кои не го заслужуваат тоа. Излезете во парк или во вашето омилено кафуле со луѓето кои ви значат. Ова е викенд кој ви овозможува уживање и поврзување и со нови луѓе.

Јарец

Вашата владејачка планета, Сатурн во Водолија станува ретроградна овој викенд, а вие чувствувате тешка енергија. За среќа, доволно мудри сте да покажете трпение и да направите пауза. Дополнително, фокусот ви е кон домот и семејството и тоа е вашето место за мир, овој викенд. Тоа е формулата за среќа.

Водолија

Месечината во Лав ја осветлува вашата седма куќа на партнерства во сабота навечер и недела. Дополнително, имате желба да се посветите на уживањето со саканата личност без да размислувате многу. Меркур директно се движи во вашата четврта куќа на домот и семејството, правејќи ја вашата комуникација со семејството подобра и полесна. Квадратот меѓу вашиот владетел Уран и Месечината во Лав во сабота навечер, може да донесе и мали емоционални турбуленции, но пробајте да најдете начин да се справите со тоа.

Риби

Тригонот во пеотк наутро меѓу Месечината во Рак и вашата владејачка планета Нептун ви носи магија овој викенд. Месечината во Лав во сабота навечер ја активира благосостојбата во вашата карта, а тригонот со Јупитер и Марс ја прави грижата за себеси попријатна од било кога. Со ретроградниот Сатурн, доаѓа период на раст за вас. Подгответе се за тоа.