Овен (21.03 – 20.04)
Благодарение на поддршката од претпоставениот, ќе напредувате на подобро работно место.Отворете се и ослободете се од стравовите и фрустрациите кои во моментов ве спречуваат на патот кон љубовната среќа.
Бик (21.04 – 21.05)
Премногу им верувате на лицата кои не ви се блиски. Можете да доживеете непријатност на работа. Со партнерот колку што можете повеќе разговарајте за вас, па и за иднината. Никако не можете да се ослободите од напнатоста која ја чувствувате.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Потребен ви е одмор и веднаш преземете нешто за тоа прашање. Инаку, вашата пребирливост и непредвидливоста сега малку ќе се припитомат. Кога станува збор за здравствената ситуација, таа е непроменета.
Рак (22.06 – 22.07)
Финансиската ситуација е на ваша страна. Вистинско време е да го направите она што отсекогаш сте го сакале. Со своето наизглед несериозно однесување барате и ги вреднувате единствено духовните квалитети, што денес не е лесно да се пронајдат.
Лав (23.07 – 22.08)
Влезот на Меркур, планетата на владетелите на вашиот нервен систем во Стрелец може да ви донесе тензија кога станува збор за јавноста, а вие ќе имате впечаток дека е потребно да му попуштите на некој кој има поинакво размислување од вас. Ќе имате прилика да работите некоја нова работа, со нови техники или ќе стекнете некое ново искуство.
Девица (23.08 – 22.09)
Би сакале да имате прилика да стекнете моќ над другите особено над конкуренцијата, ако тоа го постигнете, би требало да ја искористите оваа моќ за она што ви е потребно на вас, но и на оние околу вас. Немојте својата моќ да ја користите само за себе бидејќи тоа нема да ви донесе никаква предност.
Вага (23.09 – 22.10)
Ќе бидете брилијантни во разговорите со влијателните лица од кои подоцна ќе имате корист. Оние кои пронашле нов партнер ќе имаат незаборавни моменти, партнерот ќе ги изненади со своето внимание. Ви се препорачува да го посетите вашиот доктор.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Умеете да го привлечете вниманието на некои важни луѓе од вашето деловно опкружување. Ве очекува понуда за нова работа. Ќе уживате во долгите разговори, излегувања или пак кратки излети. Можна е добивка, поради која ќе бидете многу расположени.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Не успевате да се навикнете на новонастанатите околности во вашето опкружување. Ве очекува вистинска љубов. Немојте да ја искоцкате. Избегнувајте го никотинот и внимавајте при консумацијата на лекови.
Јарец (22.12 – 20.01)
Неколку обврски нема да ви дозволат релаксирано да го започнете викендот, но затоа пак ќе надоместите со опуштена вечер во која вашите желби ќе бидат на прво место. Нема да знаете во што или кому да верувате. Ќе мора да ги отфрлите туѓите желби и да се концентрирате на остварување на вашите.
Водолија (21.01 – 19.02)
Викендов планетите ќе ви донесат одредена нестабилност. Тоа ќе влијае и на вашите односи со партнерот или блиските, што може да доведе до несакани ситуации кои ќе ви се вратат. Затоа, бидете внимателни кон оние што ви значат.
Риби (20.02 – 20.03)
Бидејќи поседувате неуморна енергија, искористете ја како што треба. За почеток, учете да креирате односи со околината, но и други работи. Бидете подготвени да ги исполнувате туѓите желби, ќе видите многу убави работи. Во фаза сте на донесување многу важна одлука.