До крајот на денов времето во Македонија ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со повремени слаби локални врнежи од дожд и снег на пониските, и само снег на повисоките места и на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен и од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени.
Инаку како што најавивме, за време на викендот, како и на самиот почеток од следната недела времето ќе биде променливо облачно и релативно суво со сончеви периоди и истите на некои места ќе бидат и подолги. Ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен и од североисточен правец.
Што се однесува до температурите, тие повторно ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД просекот за овој период од годината и минималните на некои места ќе се спуштаат дури до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот само од 3 до 10 степени.
И во Скопскиот регион за време на викендот, како и на самиот почеток од следната недела времето ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -4 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 9 и 10 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki