Викенд на Пониква – чист воздух и вистинска природа

ИЗВОРСкопје24
|

Доколку се уште се мислите и не знаете како да го поминете викендов, тогаш имаме одличен предлог за вас. Пониква, идеално место ако барате мир, тишина, природа и чист воздух.

Станува збор за туристички центар и викенд-населба на Осоговските Планини во источна Македонија. Оддалечен е околу 20 км северно од Кочани, на надморска височина од 1.560 метри во предел со густа букова шума и разновидна вегетација.

Урбаниот простор опфаќа викенд-куќи (единечни и двојни), автокампови, бунгалови, објекти за дневно снабдување, повеќенаменски простори, терени за спорт и рекреација, хотели, одмаралишта, угостителски објетки, во зима и сервис и услуги за скијачка опрема. На Пониква, покрај викенд-населбата, неколкуте мотели, има и детско одморалиште со капацитет од 220 легла.

Природните убавини, еколошки чистиот амбиент и поволната клима се одлични предуслови за големата посетеност на туристите.

Осоговските планини се познати како здрава воздушна бања, па затоа и Пониква се препорачува на сите оние кои сакаат да ги наполнат градите со свеж воздух и да се одморат од градските гужви барем на еден дена.

Извор: Скопје инфо