Викендот кој што доаѓа со себе носи: Нагло заладување, дожд, снег и засилен ветер

ИЗВОРНов Лист
|

До четврток времето во државава ќе се задржи стабилно, суво и сончево со умерена локална облачност. По котлините ќе има појава на магла и значителна ниска облачност, особено во ноќните и во претпладневните часови. Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат над просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.

Во Скопската котлина и понатаму ќе има појава на магла и значителна ниска облачност, особено во ноќните и во претпладневните часови. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 8 степени.

Промена на времето ќе има во петок попладне и навечер кога од запад ќе започнат повремени врнежи од дожд, врнежите во сабота ќе се прошират насекаде и ќе бидат од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините. Поради нагло заладување на времето, во сабота навечер и во текот на ноќта кон недела услови за врнежи од снег ќе има и на некои од пониските места. Сево ова ќе биде проследено со умерен до засилен ветер, најпрвин од јужен и од југозападен а потоа ветерот ќе го промени својот правец во северен.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.