Викендот сончево и топло- од понеделник вистински пекол во Македонија, УХМР со алармирање за во среда кога „тлото ќе гори“ (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Времето за време на викендот ќе биде сончево со умерен северен ветер, што ќе придонесе благ пад на температурите.

Во недела максималната температура ќе се искачи до 33 степени, но она што не очекува од понеделник е вистински пекол во Македонија.

Од понеделник под влијание на топол бран следува период на сончево и многу топло време кога дневната температура насекаде низ земјава ќе биде над 30 степени.

Според УХМР особено треба да бидеме подготвени за во среда кога температурата ќе достигне максимални 39 степени.

Метеорологот Славчо Попоски информира дека африкански бран и претежно стабилно, суво и сончево време ни носи почетокот на новиот месец кој што ни следува, односно месец јули. На почетокот од истиот се очекува ГОЛЕМ пораст на температурите кој насекаде ќе се искачуваат над 30 степени односно истите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени додека во најтоплите региони одсега гледано температурите на воздухот се очекува да се искачат и до 42 степени.

Инаку изминатиот период помина во знакот на доста нестабилно време со чести врнежи, грмежи и невремиња кој направија бројни штети низ државава и поплавија дворови и домови, најпогодени во изминатиот период од силното невреме се секако земјоделците каде врнежите од град им направија огромни штети врз земјоделските култури и посеви.

Конечно по долго време со многу врнежи и нестабилно време во следниот период ќе можеме да уживаме во многу сонце а на самиот почеток од јули месец и во Африканската топлина која не очекува и која ќе услови голем пораст на температурите на воздухот.

Да напоменеме дека и понатаму поради зголемената влажност во воздухот очекуваме доста спарно и мачно време.