|
До понеделник ќе се задржи многу топло време, информира Управата за хидрометеоролошки работа.
УХМР за утре (сабота) во попладневните часови прогнозира развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи во јужните делови од земјава.
-Во понеделник кон крајот на денот и во вторник се очекува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Дневните температури од вторник ќе опаднат за неколку степени, информира УХМР.